1. Анализа на состојбата во областа на конкурентноста и иновативноста (К&И) на локалните претпријатија
Анализата на состојбата во областа на конкурентноста и иновативноста (К&И) на локалните претпријатија ќе биде направена врз основа на методологијата “European Community Innovation Survey” (CIS), која од 2004 година стана задолжителна за сите земји на ЕУ. Во Македонија, Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење (НЦРИПУ, надворешен партнер на МАНУ) за прв пат започна да ја користи оваа методологија во 2010 година. CIS анкетата ќе биде дополнета со теми кои се однесуваат на главните пречки и предизвици со кои се соочуваат претпријатијата од Бугарија и Македонија во процесот на прекугранична соработка. Оваа активност ќе се спроведува со методологија на квалитативно-квантитативни истражувања и употреба на репрезентативен примерок од 150 компании по регион (300 вкупно), а селектираните компании ќе пополнат соодветно подготвен прашалник. Целта на истражувањето ќе биде да се генерираат статистички податоци потребни за вршење на анализа на конкурентноста и иновативноста на претпријатијата од двата региона, односно Североисточниот регион во Македонија и Ќустендилската област во Бугарија.
Примерокот ќе биде генериран преку релевантните државни институции и воспоставување на контакти со 300 субјекти по регион, при што очекуваната стапка на одговор е ≈50%. По првично направената статистичка анализа, од двата целни региона ќе се селектираат по 10 претставници кои ќе бидат предмет на подлабока анализа.
2. Дефинирање на недостигот на знаење поврзано со конкурентноста и иновативноста; идентификување на добри практики
Резултатите од активноста број 1 ќе бидат користени како главен влез/инпут во оваа активност. Разбирањето на предизвиците поврзани со конкурентноста и иновативноста (К&И) и потенцијалот на компаниите од целниот регион ќе се користат за развивање на методологија за анализа на недостигот на знаење кај компаниите, како и кај институциите за поддршка на К&И, организациите за поддршка на бизнисите и другите релевантни стеикхолдери. Во исто време, експертите ќе бараат компании со добра практика од областа. Методологијата која ќе се применува ќе биде заснована на методологијата на Светска банка за мапирање на добри практики (World Bank Mapping Good Practice methodology), која во Република Македонија беше имплементирана за развој на Националната стратегија за партнерство на Република Македонија за периодот 2014-2017.
Податоците кои ќе се соберат во рамките на првата активност ќе бидат анализирани и употребени за изработка на извештај во кој ќе бидат сумирани недостатоците во знаењето кај компаниите, како и можностите за поголема вклученост на јавните институции, организациите за поддршка на бизнисите, локалната јавна администрација и другите релевантни стеикхолдери за развојот на конкурентноста и иновативноста кај компаниите. Анализата ќе овозможи идентификување на јавните организации во целниот прекуграничен регион кои располагаат со потенцијал за поддршка на бизнисот со повисок потенцијал за К&И.
3. Градење на капацитетите за конкурентност и иновативност
Врз основа на собраните податоци и изготвениот извештај во претходните две активности, ќе бидат развиени модели за обука во областа на градењето на капацитетите за конкурентност и иновативност. Главната цел на овие обуки ќе биде пополнување на недостатоците во врска со К&И кои постојат во рамките на претпријатијата и во институциите и организациите за поддршка на К&И, преку зајакнување на нивните капацитети. Обуката ќе се реализира во неколку фази врз основа на пристапот обука на обучувачи. Во првата фаза, 20 обучувачи ќе бидат обучени со цел да бидат во можност да ги спроведат натамошните обуки. Во втората фаза, обучувачите ќе имаат целна група од вкупно 100 слушатели (од МК и БГ) од јавниот сектор (администрација, училишта) и финансискиот сектор, од невладиниот сектор итн. Во третата фаза, обучувачите ќе спроведат обука за вкупно 100 локални претпријатија од Македонија и Бугарија. Материјалите за обука на локалните претпријатија ќе бидат усвоени од страна на обучувачите во согласност со релевантните целни групи, а ќе вклучуваат гости-предавачи и локални експерти од Бугарија и Македонија. Овие обуки во третата фаза ќе се одржат во Бугарија и во Македонија во присуство на деловни субјекти од двете земји, што ќе придонесе за зголемување на соработката и вмрежувањето меѓу претпријатијата, како и вмрежување помеѓу претставниците на институциите за поддршка на К&И, невладините организации итн. од двете страни на границата.
4. Спроведување на иновациски менаџмент и алатки за конкурентност во пилот-компании
Заедно со обуките предвидени за претпријатијата, јавниот сектор и финансискиот сектор, проектот има за цел да поддржи најмалку 10 компании со недостаток на сопствени ресурси (главно вештини), во спроведувањето на веќе дефинирани иновативни проекти. Поддршката ќе вклучува изградба на капацитети и директна поддршка како во развојот на иновативните активности, така и во подготовката на проектни апликации за понатамошно финансирање на развојот на нови производи / услуги.
Неколку експерти ќе работат директно на самото место, во компаниите, со цел откривање на можностите за подобрување на перформансите, зголемување на продуктивноста и ефикасноста, оптимизација на процесите, зголемување на извозот, итн.; сепак, главниот фокус ќе биде ставен на користењето на постоечките ресурси за развој на нови производи и услуги во избраните компании.
5. Развој на план за препораки и дејности за подобрување на конкурентноста и иновативноста во прекуграничниот регион
Со цел да се разберат предностите на регионалната економска соработка и прекуграничната соработка, властите од двете земји треба да обезбедаат релевантни политики и иницијативи. Во рамките на оваа активност, врз основ на стекнатото знаење и искуство добиено со спроведувањето на претходните активности, ќе бидат предложени добро-структуриран план за препораки и дејности за подобрување на функционирањето на локалните бизниси и К&И поддршка на институции, на начин што ќе се создаде пријателска средина за конкурентни гранични односи.
Препораките и мерките кои би можеле да го забрзаат темпото на прекуграничната соработка вклучуваат:
- Препораки за владеење на национално и регионално ниво;
- Препораки за локалните власти;
- Препораки за организациите за поддршка на бизнисот;
- Препораки за поддршка на развојот на малите и средните претпријатија во пограничните региони.
Овие мерки, иницијативи и активности за поддршка и стимулирање на прекуграничната соработка директно ќе доведаат до зголемување на целокупната конкурентност и способност на регионот да привлече инвестиции.
Нацртот на финалната публикација и препораките ќе бидат промовирани на завршната регионална конференција, на која пошироката јавност и група засегнати страни ќе бидаат во можност да ги коментираат резултатите. Коментарите и заклучоците од конференцијата ќе бидат вклучени во финалната верзија на публикацијата.
6. Комуникација и дисеминација (вклучително завршна конференција)
Целта на оваа активност е:
- Подобрување на видливоста на проектот.
- Вклучување на засегнати страни и целни групи.
- Обезбедување на распространување и издржливост на резултатите од проектот.
Оваа активност ќе обезбеди транспарентност на проектот и ќе ги запознае проектните партнери, донаторите, засегнатите страни и пошироката популација со активностите на проектот. Главните комуникациски алатки, ќе бидат веб-страницата на проектот и двомесечен билтен, како и алатки во социјалните медиуми како што се Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб видеа, Instagram слики, итн. На почетокот на проектот ќе бидат испечатени информативни флаери и брошури на македонски, бугарски и англиски јазик.
Се планира да биде испратен билтен на секои два месеца до сите засегнати страни и партнери (повеќе од 2000 контакти).
Како посебна алатка за распространување се планира да се организира завршната конференција во реонот на Ќустендил како финална активност во 15-тиот месец од реализацијата на проектот. На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници, главно од целните региони, но и претставници на јавниот и приватниот сектор чии активности се фокусирани на економската активност во регионите.
7. Управување на проектот
Ова е стандардна активност во секој проект. Главната цел е да се обезбеди непречено остварување на проектот, да се предвидаат и да се ублажаат ризиците, да се надминаат бариерите, да се спроведе проектот во правилната насока и да се обезбеди добра соработка меѓу партнерите. Функцијата за управување на проектот ќе вклучува:
- Координација на проектот (имплементација на 4 координативни состаноци; ад-хок Skype средби со партнери во согласност со специфичните потреби, ден-за-ден (секојдневна) комуникација во врска со активностите на проектот; ден-за-ден (секојдневен) менаџмент, финансиски менаџмент, комуникација со договорниот орган и главните засегнати страни)
- Доставување на извештаи – внатрешни редовни и ад-хок извештаи, како и активности за доставување на извештаи кон договорните органи
- Мониторинг (контрола на сите квантитативни и квалитативни индикатори, основни фази и резултати)
- Внатрешна оценка на проектот
- Обезбедување на квалитет и оценка на ризикот (мониторинг и оценка и насоки за обезбедување на квалитет ќе се развијат во почетокот на проектот, а ќе се ажурираат на секој состанок на проектот со цел да се предвидаат и да се ублажаат потенцијалните проблеми во рамките на проектот)