На 10 мај 2018 година, во Институтот за економски истражувања при Бугарската академија на науките (БАН), беше одржана промоција на проектот кофинансиран преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, со наслов „Бугарско-македонска прекугранична соработка за градење на капацитетите на конкурентност и иновативност“.
Проектот со времетраење од 15 месеци, беше успешно финализиран на 17 јануари 2018 година.
Финалните резултати од проектот се сумирани во публикацијата со наслов „Конкурентноста и иновативноста на локално и регионално ниво – случајот на Североисточниот плански регион во Република Македонија и Ќустендилската област во Република Бугарија“, која беше публикувана на англиски, македонски и бугарски јазик.
На промоцијата беа презентирани клучните активности кои беа реализирани во текот на проектот и сумираните резултати кои произлегоа од неговата имплементација.
Проектот беше промовиран од страна на акад. Таки Фити, претседател на Македонската Академија на науките и уметностите, проф. Митко Димитров и проф. Стојан Тотев од Институтот за економски истражувања при БАН.