На 3 и 4 ноември 2017 г. во Ќустендил беше одржана дводневна обука на која присуствуваа претставници од локалните фирми од двата погранични региони – Североисточен регион, Македонија и Ќустендилска област, Бугарија.
Теми на обуката:
3 ноември 2017 г.
Дигитален маркетинг – инструменти за интеракција и комуникација со клиентот
- Вовед во дигитален маркетинг
- Бизнис модел и предлог за вредноста
- Канава на бизнис модел – опис и елементи
Стратегии за рекламирање. Маркетинг кампања во социјалните медиуми Фејсбук
- Развивање и креирање на дигитални содржини за маркетинг кампањи на Канава (банери, постови за социјални медиуми, инфографики, статуси, слики, маркетинг материјали)
4 ноември 2017 г.
Вовед во управувањето на проекти
- Основни цели на управувањето на проекти; Основни карактеристики на проект; Животен циклус на проект; Примери
- Планирање на проектните активности; Елементи на предлог-проект (план); Примери
- Проектни трошоци и буџети; Примери
- Распоред на проектните активности; Методи
- Распределба на ресурсите за спроведување на проектот; Примери
Информациони барања за проект
- Циклус „планирање – мониторинг – контрола“.
- Контрола на имплементација на проект
- Извори на финансирање на проекти насочени кон воведување на иновации и подобрување на конкурентноста
- Резиме; Прашања и одговори поврзани со конкретни проектни идеи