На 16 и 17 декември 2017 година во Ќустендил беше одржана четвртата работна средба на партнерите на проектот „Бугарско-македонска прекугранична соработка за градење на капацитетите на конкурентност и иновативност“.
Главната цел на средбата беше: претставување на проектот, дискусија поврзана со реализацијата на проектните активности во првата година, анализа на активностите и утврдување на временската рамка за нивна имплементација, дискусија за директната поддршка на селектираните компании, планирање на активностите и нивната реализација до завршувањето на проектот.