Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење – НЦРПУ е дел од проектот InterVET Западен Балкан (http://ncdiel.mk/mk/), кој е финансиран од Европската комисија преку Еразмус+ програмата.
InterVET Западен Балкан е 3-годишен пилот проект (2020-2023) насочен кон интернационализација на системите за стручно образование и обука во Западен Балкан. Проектот има за цел создавање можности за учење преку мобилност и промовирање на културата на учење преку мобилност во областа на стручно образование и обука. Во проектот се вклучени 6 регионални партнери: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Србија, како и 8 партнери од земјите членки на ЕУ: Белгија, Холандија, Франција, Малта, Шпанија, Словенија и Полска. Во рамките на тригодишниот проект ќе бидат вклучени учесници од целиот Балкан и ќе се реализираат следните активности:
• 56 PRO-Мобилности од 3 месеци (за неодамна завршени ученици – до 1 година по завршувањето на средното образование) со дестинација: Севилја, Вроцлав, Форли-Болоња, Марибор, Лион
• 360 мобилности во времетраење од еден месец (за средношколци) со дестинација: Севилја, Вроцлав, Форли-Болоња, Марибор, Лион
• 54 посети за практична обука на работно место (за вработени во администрацијата и наставници) на следните колеџи: SEPR (Франција), ROC Da Vinci College (Холандија), MCAST – The Malta College of Arts, Science & Technology (Малта)
• учество на 36 наставници во летни школи со дестинација: Болоња (Италија), Севилја (Шпанија), Дордрехт (Холандија)
• учество на 72 наставници и стручни работници за средно стручно образование (ССО) на тематските настани во организација на EfVET, а каде домаќини се: MCAST – The Malta College of Arts, Science & Technology (Малта), ROC Da Vinci College (Холандија), SEPR (Франција)
За да ги следите тековните повици и настани како дел од проектот посетете не на: https://intervetwb.net .